Работното време за земање на дете од градинка варира од група во група, од градинка во градинка. Едни ги земаат до 15.30, други до 16 часот. Има и такви кои ги чуваат до 17 или 18. Родители велат дека вработени сами го одредуваат времето, додека директорите на градинките тврдат дека сите термини се дефинирани со договор на родителите.