Кинезите веќе работат на следната генерација
суперкомпјутери, а планираат до крајот на оваа година да креираат
exascale прототип. Кина сака да биде првата земја што креирала суперкомпјутер што ќе може да извршува милијарда милијарди пресметувања во секунда.
Со ова достигнување би се надминал досегашниот првенец меѓу компјутерите –
Sunway TaihuLight, што започна со работа во јули 2016. Кина стана компјутерска велесила кога почна во своите машини да користи локални чипови наместо производи од американските компании.
Жанг Тинг, инженер во Националниот суперкомпјутерски центар во Тианјин, истакнува дека овој суперкомпјутер и неговите апликации се очекуваат во 2020 година. Машината ќе биде 200-пати помоќна од првиот кинески петафлоп модел,
Tianhe-1, од 2010 година.
Сперкомпјутерот би се користел за обработка на масовни податоци и
cloud computing, а прототипот би бил број еден во светот според ефикасноста во преносот на податоците и брзината на пресметките.