X
 12.12.2019 Живот

Авиокомпанија ќе ја зачувува животната средина со шолји за кафе што се јадат

Авиокомпанијата „Ер Њу Зеланд“, која секоја година на своите патници им служи осум милиони шолји кафе, подготвува нови шолји кои може да се јадат и се направени од бисквит со вкус на ванила.

Ники Чејв од компанијата истакна дека постојните шолји за кафе што ги користат се биоразградливи, но конечната цел е да се отстранат од отпадот.

- Чашите што може да се јадат се голем хит кај купувачите, а ги користевме и како чинии за десерт - објаснува таа.

Џејми Кешмор, коосновачот на компанијата која ги прави шолјите - „Твајс“, се надева дека нивните производи ќе имаат голема улога во докажувањето дека може да се овозможат еколошки прифатливи начини за пакување.

Шолјите се прават рачно, а се состојат од јајца и глутен. Во подготовка е и безглутенска варијанта.

Проектот на „Ер Њу Зеланд“ сè уште е во пробна фаза, а намерата е да се креира долгорочно одржлив производ.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот