X
 28.12.2018 Технологија

Новата „дупка“ во „Гугл Хром“ може да доведе до замрзнување на компјутерот

Кај пребарувачот „Гугл Хром“ е откриена нова ранливост, што како последица може да има целосно замрзнување на уредот што работи под оперативниот систем „Виндоус 10“.

Новиот пропуст е откриен во рамките на измама што изгледа како лажна техничка поддршка, а предизвикува замрзнување на „Виндоус 10“, а потоа корисникот добива известување дека уредот е погоден од вирус.

Новиот пропуст користи „Јаваскрипт“ код, што спречува затворање на некој таб или на цел пребарувач. Пораката што потоа се појавува на екранот изгледа како дел од „Мајкрософт“ поддршката и го известува корисникот за тоа дека уредот е инфициран и дека станува збор за вирус што може да презема лозинки, историја на пребарувања, информации за кредитна картичка и други лични податоци.

Измамата изгледа како безизлезно предупредување за нов вирус, а корисниците можат да ја препознаат така што нема да им дозволува да затворат одреден таб.

Ако ја забележите оваа појава на вашиот компјутер, единствениот начин да се ослободите е „рачно да го исклучите“ пребарувачот „Хром“, односно да го отворите „Task Manager“, да кликнете „Processes tab“, а потоа на „Гугл Хром“ и на крај да кликнете „End Task“ во долниот десен агол на прозорецот.

1
Фото: MSPoweruser
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија