Божиќните реклами станаа вистински ремек-дела и се неизбежен дел од празниците. Луѓето желно ги очекуваат, ги споделуваат на социјалните мрежи особено затоа што им будат емоции и ги инспирираат.
И додека големите компании вложуваат милиони евра во своите реклами, постојат луѓе како Фила Бестала чии дела стануваат вирални без огромни трошоци и славни личности.
Имено, неговата реклама има порака и покажува дека, кога станува збор за Божиќ, не се важни скапите подароци, туку семејството и тоа е најдобриот божиќен подарок - оној што има огромно значење.
Фила го чинела рекламата само 50 фунти. Во неа, младото момче ги одбројува деновите до Боожиќ за да ја продолжи традицијата започната поради трагичното случување во неговиот живот.