X
 27.11.2021 Здравје

Назалната верзија на „Спутник V“ нема никакви несакани ефекти

Назалната верзија на руската вакцина против ковид-19 „Спутник V“, произведена од Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалејa“, нема несакани ефекти по употребата. Тоа го соопштил директорот на институтот, Александар Гинтсбург. Назалната вакцина ја примил и претседателот на Русија, Владимир Путин, во рамките на тестирањето.

Во соопштението од институтот е наведено дека ефикасноста на назалната вакцина допрва треба да се провери, пренесува „Еклиника“. Гинтсбург нагласил дека назалната вакцина не е штетна за лицата со алергии. Како и секој друг лек, таа може само да ги влоши постојните алергии, но во другите случаи нема контраиндикации.


Фото: Pixabay

Заменик-директорот на институтот, Денис Логунов, изјавил дека назалниот облик на вакцината предизвикува минимални несакани ефекти и нејзината употреба ќе овозможи дополнителна заштита на горните дишни патишта. Оваа вакцина би се примала еднаш на шест месеци, а можеби и поретко.

Според мислењето на експертите во институтот, имунизацијата со веќе достапната вакцина, а потоа и ревакцинација со назалната верзија веројатно ќе обезбеди целосна заштита од заразување со ковид-19.


Фото: Freepik

Назалната вакцина е безболна и создава дополнителна пречка во горните дишни патишта, вели Логунов. Иинтрамускуларните вакцини не создаваат имунитет во слузницата, па затоа назалните вакцини се во предност, според експертите. Освен тоа, назалните вакцини се полесни за транспорт од другите и се алтернатива за лицата што се плашат од игли.

Извор: Eklinika
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје