X
 05.11.2019 Живот

„Благословено“ - што може да направи искрена детска прегратка!

- Еј, застани, малечко, немој да бегаш! Ги забрза чекорите со намера да го стигне, но детето, сигурно имаше околу седум години, трчаше уплашено, со насолзени очи по угорницата, одвреме-навреме свртувајќи се да види дали жената сè уште оди по него!
Жената, некаде на свои четириесет години, со младолик изглед, темнозелени очи и светлокафена коса малку поткрената зад ушите, со средна висина, облечена во фармерки и спортска блуза, подзастана и уште еднаш му викна на детето: - Застани, малечко, не ти правам ништо, се стемнува и повеќе нема куќи во близина, ќе се изгубиш во шумата... сакам да ти помогнам! Зборовите како да стигнаа до ушите на детето, или можеби заморот си го направи своето, без да пушти глас тоа едноставно падна врз меката трева и потона во бесознание.

Ова е дел од најновиот расказ „Благословено“ на писателката Соња Гаврилова, посветен на моќта на љубовта, хуманоста, меѓуетничкото разбирање, почитување и толеранција.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот