Во истражување објавено во научното списание “Neuron” тим научници тврди дека иако паметите просечно, сега тоа може да го промените и да постанете светски првак во памтење.
Тие откриле дека прваците во памтење не се ништо поинакви во анатомијата на мозокот со што дошле до заклучок дека и луѓето со просечно памтење можат да станат прваци. Доброто памтење е нешто што може да го научите и тренирате.
Истражувањето е спроведено на 23 првци, а се темели на мнемотехника, вештина која ви помага да запамтите многу информации. Таа техника вклучува палата на меморијата, стар метод со кој во своето имагинарно патување замислувате место кое добро го познавате, како зградата во која живеете, и ги користите сите локации за
складирање податоци.
Научниците ја проучувале мозочната меморија на прваците кои се истакнуваат по памтење на големи колични информации. Го скенирале нивниот мозок со помош на функционална магнетна резонанца која ја мери активноста на мосокот со откривање на промената на крвотокот. Потоа ги споредиле нивните мозоци со луѓе од слична возраст и слични IQ.
Откриени се мали разлики во подрачјето за поврзување во голем број на регии од мозокот, но ниедна регија не се истакнала.
Потоа научниците почнале да ги „тренираат“ другите луѓе. Една група тренирала исто како прваците, друга не користела таква стратегија, а трета група не го тренирала мозокот. По 6 недели тренинг по 30 минути дневно, повторно е снимен мозокот.
На снимките се воочени промени во поврзаноста на мозокот, а научниците увиделе и голема промена во памтењето. Пред тренингот овие луѓе памтеле 26 до 30 зборови од листа од 72 зборови, а сега памтеле и до 60 зборови.
Со оглед на добиените резултати обидете се да ја искористете гореспоменатата стратегија да си ја подобрите меморијата.