Израелски научници тврдат дека најверојатно следната година ќе развијат лек за рак.
Новиот лек за рак се развива во компанијата „Аселерејтед еволушн биотехнолоџис“, под водство на директорот Илан Морад.
- Веруваме дека за една година ќе можеме да понудиме комплетен лек за рак. Нашиот лек за рак ќе биде ефективен од првиот ден, ќе трае неколку недели и нема да има несакани ефекти или тие ќе бидат минимални, а и ќе чини помалку од другите лекови на пазарот - истакна Дан Аридор, раководител на компанијата.
Лекот е наречен „МуТаТо“ и ќе користи комбинација од пептиди чија мета е ракот и токсини кои ќе ги убиваат клетките на ракот. Лекувањето ќе биде персонализирано и на пациентите ќе им се дава специфичен коктел од лекови, во зависност од типот на рак од кој се
заболени.