X
 14.03.2017 Култура

Муслиманскиот градоначалник кој го обединува Ротердам

Ахмед Абоуталеб е првиот муслимански градоначалник на голем европски град и првиот имигарант градоначалник во Холандија. Вториот најголем град Ротердам се наоѓаше во првите позиции на европската политичка револуција, како дом на движењето на починатиот десничарски лидер Пим Фортјун за борба против исламот.

ахмед абоуталеб
Фото извор: Frontpage mag


Но, 55-годишниот аутсајдер полека ги освои критичарите. Од првиот ден Абоуталеб, до кој било невозможно да се дојде за интервју, бил редовен на вратите на граѓаните, тропнувал, разговарал и барал повратни информации. Откако му е назначен шестгодишен мандат во 2015 година тој е најпопуларниот политичар во земјата.

Роден е во планинско гратче во Мароко пред да имигрира во Холандија со семејството на 15 години. По учењето на холадскиот јазик и завршувањето на образованието се борел да го потисне мароканскиот акцент. Приватно останува многу религиозен, но и успешно го дели тоа од јавниот живот. Зборува течно 5 јазици и е трениран инженер.

Денес е познат како човек што ги завршува работите, што е голем комплимент во Ротердам, не е човек од зборови туку од акција, што е некако и мото на градот. Неговата администрација има разработено програма во соработка со холанската влада за сиромаштвото во јужниот дел на градот која е неверојатно подржана како локален проблем од страна на владата.

Она што го прави многу популарен е тоа што е многу  силен на злоупотребата на социјалната помош, што му помогнало да изгради консензус на спротивставените партии во градот. Во градот разработена е и програма со која невработените мора прво да ги чистат улиците или да носат храна до постарите пред да ги користат бенефитите.

По неговите изјави за нападите во Париз се вели дека кажува многу работи кои ги велат исламофоби, но бидејќи е муслиман нему не може да му се стави истата етикета.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура