X
 17.09.2017 Живот

Џинот од Ротердам

Ригардус Ријнхоут бил висок 2,13 метри и бил вториот највисок Холанѓанец по Алберт Јан Крамер. Имал повеќе од 220 килограми и страдал од акромегалија, хормонално нарушување во хипофизата. Изгледал како просечно бебе кога се родил, но додека наполнил 3 години, почнал забрзано да расте.

фото извор: Wouter Engler

Во последните денови од животот доживеал несреќа со својот велосипед, па бил неподвижен. Неговото здравје се влошувало и морал да биде носен со кран до вториот кат од болницата каде што починал на 36 години од тумор на хипофизата.

Во јуни 2011, артистот Херман Ламерс креирал бронзена статуа на Ригардус, која е поставена во Ротердам. Се смета дека Ригардус е симбол за растот на градот, иако често тој бил исмејуван поради големината.

Статуата е поставена во парк во близина на неговата куќа, која сега е кинески супермаркет, со истата голема врата што била направена за Ригардус пред многу години.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот