X
 15.03.2017 Култура

Истражувањата потврдија: во босанските пирамиди има благотворна енергија


Во босанските пирамиди
(Извор: avaz.ba)

Во просториите на Фондацијата „Археолошки парк: Босанската пирамида на Сонцето“ во Високо, беа претставени резултатите од истражувањето на угледниот руски професор Константин Коротков, најпознатиот светски експерт во областа на развој на научни инструменти за снимање на енергиите на просторот и живите суштества.

Во истражувањето на професорот Коротков му асистираше и нуклеарниот физичар Олег Смирнов, заменик-директор на Одделението за развој во Институтот за атомска физика „ЈСЦ Атомстрој“ од Москва.
Коротков со денови истражувал на локациите на подземните тунели во Равно, пирамидите на Сонцето и Месечината, како и тимулусот во Вратница.

„Нема никаков сомнеж дека босанските пирамиди и тунели демонстрираат остатоци од непозната високоразвиена цивилизација, додека престојот во тунелите предизвикува многу силни позитивни, мерливи ефекти врз емоционалната и физиолошката состојба на луѓето. Нивото на енергетска активност на просторот каде беа вршени мерењата, покажуваат дека се работи за многу благотворни енергии.

Сметам дека напорите на Фондацијата мора да се поддржат на сите нивоа“, изјави Коротков.

Тој истакна дека е импресиониран од оваа посета и дека „нема сомнеж дека ова е огромно откритие кое може да се мери со откривањето на гробниците во Египет или откритијата на пирамидите на Маите и Ацтеките“.

Професорот Коротков е физичар и инженер на компјутерски науки. Професор е на катедрата за компјутерски науки и биофизика на државниот Универзитет за информациски технологии, механика и оптика во Санкт Петербург.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура