Канада го зголеми бројот на доселеници што планира да ги прими - околу половина милион годишно до 2025 година со цел да го надомести големиот недостиг на домашна работна сила, информира министерот за имиграција Шон Фрејзер.
Повеќе од 900.000 работни места се испразнети во голем дел сектори, а невработеноста изминатите месеци падна на историско ниско ниво и во септември изнесуваше 5,2 отсто.
Затоа, Отава планира да даде дозвола за постојан престој за 465.000 лица во 2023, 485.000 во 2024 и 500.000 во 2025 година.
Канадската Влада сака да ги поправи програмите за селекција на потенцијални доселеници со цел подобро да одговори на големиот недостиг на работна сила во здравството, во специјализираните работни места, во производството, како и во таканаречениот СТЕМ-сектор – наука, технологија, инженерство и математика.
Канада има план и да ги спои семејствата чии членови живеат во странство, но и да прими помалку бегалци.
- Населението на Канада расте речиси двапати побрзо од која било земја на Г7 - додаде Фрејзер.
Истовремено, Канада е пред рекорден бран на заминување во пензија, предупреди пролетта канадското Биро за статистика.
Извор: МИА