Денес е петок, 17 март 2017 година, 76-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:38, а ќе зајде во 17:36 часот. Денот ќе трае 12 часа и 8
минути.
Во поголем дел од Македонија ова утро имаме претежно ведро и постудено
утро. Во северните, централните и североисточните предели имаме претежно
облачно време и тука утринските температури се повисоки
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок денот го започнуваме со малку
постудено утро и утрински температури кои што ќе се движат во интервал
од -5 до 5 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево,
ветровито и топло време со најава дека наутро и претпладне во
североисточните и еден дел од северните и источните предели ќе има
појава на локална облачност. Ќе дува доумерен североисточен и
северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 7
односно до 17 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови умерено облачно време а веќе
претпладне облачноста ќе се намалува и појава на сончеви периоди, за
веќе во попладневните часови да преовладува претежно сончево време со
појава на локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен
ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 14
степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Студено утро не очекува и во сабота со утрински
температури од -4 до 4 степени, а во текот на денот сончево и топло
време со дневни температури од 12 до 22 степени. Во недела потопло утро
со утрински температури од 0 до 8 степени, а во текот на денот ќе биде
претежно сончево со локална облачност и топло, а во попладневните часови
во североисточните и источните предели со услови за сосема слаби локални
врнежи од дожд. Максималните температури од 10 до 19 степени. Во
понеделник и вторник продолжува сончевото и доста топло, да кажеме
надпросечно топло време за овој период од годината со температури кои ќе
се движат од 14 до 24 степени.
Weather4all.com.mk