X
 22.03.2017 Живот

Добрите и лошите страни на работата од дома

Работата од дома е дел од модерната култура што често е понудена од страна на работодавците како бенефит за вработените. Несомнено, постојат многу добри страни. На пример, заштедувате на време, и може да почнете со работа подоцна. Некои истражувања покажуваат дека овие вработени се попродуктивни од тие кои работат во канцеларија.

работа од дома


Сепак, постои и негативна страна. Една студија што опфатила 500 вработени кои работат од дома имала за цел да открие дали овие ефекти со време бледеат. Резултатите покажале дека по подолго време вработените не ја сметаат работата од дома за привилегија и се однесуваат исто како оние што работат во канцеларија.

Работата од дома исто така носи и додатни трошоци за електрична енергија и греење, нешто за што не мора да се грижат во канцеларијата. Работниците од дома имаат помала комуникација со тимот и со време им станува тешко да се интегрираат внатре во канцеларијата. Намалената интеракција, ограничената комуникација и малите можности за размена на знаења го забавуваат нивниот професонален напредок.

Едноставни методи за водење на работата од дома

На многу компании им недостига организациона структура ефикасно да ја водат работата на далечина. Потребни им се 3 методи:

Очекувања за раководењето: компанијата би требало да постави флексибилна работна политика на почетокот од договорот со вработените и да ја проверува неговата примена редовно.

Подобра комуникација: Комуникациската стартегија би требало да биде применлива од почетокот. Редовни кратки состаноци и видео конференциски повици можат да помогнат да се премине тој јаз меѓу домот и канцеларијата, при што нивните членови на далечина ќе бидат интегрирани во тимот.

Корпоративна културна поддршка: разбирањето од двете страни е есенцијално. Создавањето на можности вработените да дадат свое мислење за начинот на работа може да им даде чувство на контрола над своите улоги и да воспостави баланс меѓу нив и канцеларијата на далечина.
Ако компаниите очекуваат вработените да бидат попродуктивни, работодавците мора да се запознаат подобро со менаџирањето на далечина.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот