Букурешт е најдобриот град во светот за работа од дома или од далечина, се вели во Извештајот за далечинско работење спроведен од „Бродбенд дијалс“.
Индексот оценил 50 популарни градови во светот и ги рангирал од најдобрите до најлошите врз основа на следните фактори: просечна брзина на интернет, достапност на компании за испорака на храна, број на работни места за далечинско работење, цена на лаптоп и цена на живеење.
Букурешт се најде на врвот како најдобар град за далечинско работење. 4,33 отсто од компаниите во романската престолнина им дале можност на работниците за далечинско работење, што е најмногу од сите градови што се најдоа на индексот. Исто така, градот доби високи оцени за брзината на интернетот, рангирајќи се на 4. место со интернет-брзина од 52 мегабајти.
Зад Букурешт се најдоа три американски града, Хјустон, Лас Вегас и Аталната, на петтото место се најде Будимпешта, а зад неа Сан Франциско и Лос Анџелес. Меѓу 10. најдобри се и Киев, Чикаго и Варшава.
Од друга страна, неславното прво место на листата со најлоши градови за
работа од дома му припадна на Рим, а зад него се Милано, Сеул, Париз и Хамбург. На шестото место се најде Амстердам, а веднаш потоа Лондон, Келн, Минхен и Манчестер.
Целосниот извештај можете да го погледнете
ТУКА.
Фото: Pixabay