X
 22.03.2017 Живот

Карактеристика која открива дали сте натпросечно интелигентни

Високата интелигенцијата е предност за полесен и поедноставен живот, иако често луѓето не се толку интелигентни колку што мислат дека се.

паметно дете
Фото извор: Pak Parenting


Една голема студија од универзитетот во Ново Мексико покажала дека натпросечно интелигентните имаат повеќе заеднички особини, а една особено се истакнува. Станува збор за смислата за хумор, кој зборува за брзината на размислувањето, процесуирањето на мислите и поставувањето на работите во контекст на креативен начин. Овде не е важно дали станува збор за црн хумор или дали тој е на сопствена или туѓа сметка. Клучна особина е брзината на размислување, велат научниците.

За паметот заблагодарете им се на родителите

Генетскиот фактор во голема мера ја одредува интелигенцијата на детето, особено генот FNBP1L кој ги пренесува родителските кодови. Тим научници од универзитетот Квинсленд анализирале премероци од преку 18.000 деца од Австралија, Холандија, Велика Британија и САД на возраст од 6 до 18 години, а потоа ги споредувале примероците со нивните тесови за интелигенција. Тие откриле индивидуални варијации во генетскиот код кој влијае на резултатите на тестовите и дошле до заклучок дека гените одредуваат 40% од интелигенцијата.
Научниците веруваат дека ова откритие може да има големо влијание врз разбирањето на пречките во менталниот развој на децата.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот