Викиликс и основачот на овој сајт, Џулијан Асанж, ја објавија „Темната материја“, најновите документи од серијалот „Vault 7“. Тие документи покажуваат како ЦИА ги одбирала најпопуларните уреди од „Епл“, за да ги шпионира нивните корисници.
Во најновата серија документи се открива дека ЦИА ги таргетирала производите од компанијата „Епл“, се инфилтрирале во нив преку својот малвер и ги користеле за следење и прислушкување на интересните лица од разузнавачки карактер, објави
Russia today.
Се наведува и дека овој проект на ЦИА е развиен во рамките на EDB (Embedded Deveopment Branch), огранок на ЦИА, кој имал задача да го нападне фирмверот на „Епл“, што значи дека „инфекциите“ се трајни, па и доколку се реинсталира оперативниот систем, малверот на ЦИА сепак останува во ајфонот.
Документите покажуваат дека ЦИА уште од 2012 година ја развиле алатката
sonic screwdriver, која може да ја преземе контролата врз процесот на покренување на системот на компјутерите од „Епл“, кој е заштитен со лозунг, од периферниот уред, како адаптер и УСБ.
Со тоа тие можат да уфрлат грешка која не може да се детектира, длабоко во фирмверот, кој претставува компјутерска програма вградена во хардверот, и истата не може да се избрише дури ни во случај кога компјутерот се реформатира.
Викиликс претходно овој месец објави околу 9.000 документи за кои тврди дека се дел од огромно количество на податоци кои протекоа од ЦИА, опишувајќи го како најобемното објавување на тајни разузнавачки податоци досега.