X
 28.03.2017 Култура

Во Словенија претставени дигитални надгробни споменици


Пацио на некој објект

Погребалното претпријатие од Марибор пред неколку денови претстави прототип на дигитален надгробен споменик кој е новитет изработен од група локални претприемачи во соработка со тамошниот електротехнички факултет.

Дигиталниот надгробен споменик нуди далеку повеќе информации за починатото лице во споредба со класичниот, каде во мермер или камен се впишуваат само името и презимето, како и датумите на раѓање и смрт на покојникот.

„Денешните надгробни споменици се многу кратки и за покојникот пружаат само основни податоци, додека дигиталната ера нуди неограничени можности, и во животот и после смртта“, објави локалното погребално претпријатие „Побрежје“ од Марибор.

Дигиталниот надгробен споменик кој се напојува со соларни батерии, нуди можност за прикажување на текст, видео записи и фотографии на екранот кој со куќиште е заштитен од атмосферски влијанија.
Текстот, видео снимките и фотографиите лицето може само да ги одбере во текот на животот, или тоа може да го направи семејството на секое починато лице.

Дигиталниот споменик на екранот ги прикажува основните податоци за починатиот, но кога ќе се приближите, се  активираат сензори кои го вклучуваат прикажувањето на снимените податоци.
Од погребалното претпријатие тврдат дека веќе примиле 50 нарачки за вакви споменици, по цена од 3.000 евра без ДДВ.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура