X
 31.03.2017 Здравје

Работи кои педијатрите препорачуваат да престанете да ги правите

Родителите не добиваат прирачник кога добиваат и бебе и неискусните мајки и татковци се препуштени сами на себе да ги откриваат нештата. Советите од пријателите, интернет или нивните родители сепак можеби не се најдобри и најдобро е да се праша педијатарот за сите ситници, дури и за оние што се чинат смешни и за кои родителите се чувствуваат засрамено. Тие ќе кажат што да се прави, но исто така има работи што препорачуваат да не се прават. Кои се тие?

педијатар и бебе
Фото извор: csaladilap.hu


Не барајте медицински совети на интернет – кога сте исплашени за симптомите на Вашето дете, веројатно првото место каде што се обраќате е д-р Гугл. И додека одредени страници може да Ви пружат некакви информации, сепак невозможно е да дадете дијагноза на интернет.

Престанете да одите во ургентен центар за сѐ нешто – освен за екстремни итни случаи одбегнете веднаш да се јавувате во итна помош секогаш кога ќе Ве фати паника. Подобро е да почекате и да го посетите педијатарот следниот ден.

Престанете да барате антибиотици – во ред е да сакате побрзо да се опоравуваат Вашите деца, но антибиотиците не се секогаш одговорот. Во ред е да се пијат антибиотици за бактериски инфекции, но не и за вируси. На настинките не им требаат антибиотици, само време.

Престанете да ги одбивате вакцините и да барате алтернативни распореди – некои родители се исплашени од вакцините, дури и да мислат дека се добри, според нив не е во ред да се даваат многу одеднаш. Ако истите се одложуваат само се зголемува ризикот од болест.

Престанете да им дозволувате да имаат неограничено време за пред екраните – екраните се дел од животот, но осигурајте се дека децата минуваат време и надвор за вежбање и за социјален развој и средби лице в лице.

Престанете да велите дека настинката на децата доаѓа од времето поминато надвор – ова е мит во кој мора да престанете да верувате. Вирусните болести се пренесуваат најмногу кога детето допира се наоколу, а потоа и очите, носот или устата.

Престанете да користите стапчиња за уши за Вашето дете – можеби мислите дека му помагате на детето околу хигиената, но само го туркате восокот подлабоко во ушите. Може да се случи да им се намали слухот и да чувствуваат болка ако претерате со чистење. Наместо тоа дозволете да навлезе вода во ушите додека се капи затоа што на тој начин нечистотиите природно ќе исчезнат.

Не кревајте паника за температурата на Вашето дете – може да е алармантна ситуацијата кога Вашето дете ќе крене температура, но тоа е само еден од симптомите како настинат нос, кашлица или болка со кој подобро ќе се постави дијагноза.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје