X
 03.04.2017 Технологија

Првиот остров со електричен систем напојуван од ветер, вода и сонце

Шкотскиот остров Еиг од 2008 е првиот остров со електричен систем напојуван од ветер, вода и сонце. Пред тоа жителите се потпирале на бучни и скапи дизел генератори што може да работат само неколку часа дневно.

панел
Фото извор: bbc.com


Денес островот е пример за тоа како да се произведе електрична енергија од обновливи извори без пристап до национална мрежа – предизвик со кој треба да се соочи една петина од светското население. Еиг е напојуван од три извори – хидро, ветер, и солар кои се интегрирани во стабилна подземна мрежа.

Соларните панели најмногу произведуваат енергија во Мај, Јуни и Јули.

Три хидроелектрични генератори произведуваат енергија од вода за пиење која ја има многу во зима. На карпа на врв од 390 метри пак, има 4 ветерници кои носат и до 24 kW енергија во мрежата.


остров еиг
Фото извор: bbc.com


Во просек на островот 90-95% од енергијата што се користи е обновлива. Сепак има случаи кога употребата на генераторите е неопходна. Во зима се јавува и друг проблем – се произведува повеќе енергија од што може да се складира, но постои систем и за тоа. Кога се јавува ова се вклучуваат електричните грејачи во некои јавни згради и две црви автоматски.
За да не се преоптовари системот и за да биде сигурно дека секој има еднаков пристап до електрична енерија, жителите едногласно го усвоија условот дека секој добива по 5 kW да ги користи одеднаш – еквивалент на вклучен електричен котел и машина за перење во исто време. Фирмите добиваат по 10 kW.

Во текот на последните 20 години населението на островот е зголемено – од 65 жители на околу 100.  Нови куќи се градат и нови бизниси се започнуваат, па потребата од системот за електрична енергија се зголемува.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија