X
 23.09.2022 Живот

Мистериозна туристичка атракција во близина на плажа

Напуштен „боинг 737“ е паркиран среде поле на Бали и таму се наоѓа со години, но никој со сигурност не знае како стигнал таму.

Поради мистеријата околу неговото пристигнување на непристапна локација, авионот стана популарна туристичка атракција.

Големиот авион се наоѓа во каменолом во близина на туристички центар и плажата Пандава во Бали.

Некои жители сметаат дека авионот бил донесен во делови и повторно составен од амбициозен претприемач кој планирал да отвори ресторан во него. Но, се шпекулира дека немал пари да го заврши проектот.

Авионот стана туристичка атракција, а водичите велат дека е тешко забележлив и се наоѓа веднаш до бродски контејнери. Авионот нема идентификација или ознака на него.

Ова не е единствениот напуштен „боинг 737“ на островот, други „пензионирани“ авиони се забележани на други места, а некои се користат како туристички атракции.

Еден од нив се наоѓа до „Данкин донатс“, со крилото потпрено на ѕидот на објектот.

Извор: b92.net
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот