X
 13.04.2017 Наука

Сепак, медузите се најстарите животни на планетата Земја


Медузи
(Фото: Dreamstime)

Речиси еден век стеблото на развој на животните беше организирано врз основа на сознанијата за сложеноста на организмите, па така, заради едноставноста на  нивната структура се веруваше дека сунѓерите се најстарите животински форми.

Веќе десетина години наназад, зоолозите меѓусебно спорат дали сунѓерите или медузите се најстарите животни на светот, а тим од еволуциски биолози од универзитетите Вандербилт и Висконсин-Медисон развија нов пристап со цел да се разреши тој спор. Резултатите од нивното истражување се објавени во списанието Nature Ecology & Evolution.

Имено, откривањето на ДНК комплетно ги промени конвенционалните сфаќања кога еволуциските биолози почнаа да го применуваат тоа знаење при одредувањето на односите во еволуцијата создавајќи ново подрачје - филогенеза.

Во 2008 година, едно од првите филогенетски истражувања утврди дека медузите се најстари суштества од животинското царство, а не сунѓерите.

„Сегашните методи наложуваат да се собери огромна количина на генетски податоци кои се анализираат и врз основа на таквите заклучоци се востановуваат односите“, вели професорот Антонис Рокас од универзитетот Вандербилт, кој учествуваше во развојот на новиот научен пристап.

Рокас и неговиот тим особено се концентрирале на овој контрадикторен случај, па споредувајќи ги гените на двата „соперници“ на животинското филогенетско стебло со гените на нивните „роднини“, недвојбено утврдиле дека медузите порано се издвоиле во системот од сунѓерите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука