X
 14.04.2017 Живот

Какво време да очекуваме за време на големиот празник - Велигден?

Денес е петок, 14 април 2017 година, 104-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:50, а ќе зајде во 19:16 часот. Денот ќе трае 13 часа и 26 минути.



Во овие утрински часови во северните, централните и североисточните предели на Македонија имаме зголемена облачност која што условува и повисоки утрински температури. Во останатите предели претежн сончево со појава на локална облачност и посвежо време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и многу топло време. Попладне во северозападните и западните предели услови за развој на локална нестабилност која може да услови сосема слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни од 14 односно до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна ќе достигне до 23 степени. Ув индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло време. Доцна попладне и навечер услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни до 15 до 26 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои ќе започнат попладне а во доцните попладневни и во вечерните часови ќе се интензивираат. Дневните температури од 13 до 24 степени. Во понеделник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време. Минималните температури од 0 до 8 степени, а максималните од 8 до 18 степени. Во вторник по студеното утро со температури од -2 до 6 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и свежо време со максимални температури кои ќе бидат во пораст и ќе се движат од 12 до 22 степени.

Weather4all.com.mk
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот