X
 13.04.2023 Живот

Одење по оган, камшикување, врескање... Необични велигденски традиции низ светот

Велигден е еден од најголемите празници во христијанството. Тој се слави на различни начини низ светот, а некои велигденски обичаи се почудни од другите.

Врескање во Швајцарија

Во некои делови на Швајцарија луѓето врескаат на Велјсабота. Овој обичај датира од средниот век, кога луѓето верувале дека со врескање може да ги избркаат лошите духови. Денес, вакво групно врескање се организира во градот Зимерберг, каде што луѓето се собираат на мост и врескаат во исто време.

Камшикување на Филипините

Филипинската велигденска традиција се состои од самоказнување, односно камшикување. Младите Филипинци се удираат по грбот, а некои одат чекор понапред со ковање на екстремитетите на крст со специјално изострени клинци. Последните години многумина ја осудуваат оваа традиција, но сè уште не се зборува за нејзино укинување.

Исус во природна големина во Панама

Традицијата во Панама наложува во црквите да се изложи телото на Исус Христос во природна големина, а потоа верниците ги бакнуваат неговите нозе. Неретко може да се види како на улиците се носат огромни статуи на Исус на крст.


Света смрт во Мексико

Света смрт е неслужбен светец кој се слави на мексиканските улици на Велигден. Во прославите доминира статуа на светецот, кој сепак не е признаен од црквата. Тој е особено популарен во сиромашните населби полни со криминал, каде што му се моли речиси секое семејство.


Пукање со топови во Грција

На грчкиот остров Чиос велигденскиот обичај вклучува пукање со топови. Деновите пред Велигден две цркви над градот испраќаат поздрави пукајќи со топови за да го означат славењето на празникот. Овој обичај трае со векови.


Палење рогови од крава во Норвешка

Во Норвешка има долга традиција за палење рогови од крава за време на велигденските празници. Луѓето земаат стари рогови од крава, ги полнат со слама и потоа ги палат. Се верува дека пламенот ги брка лошите духови и носи плодност на полињата.

Боење на телата во Шпанија

Во некои делови од Шпанија луѓето се бојадисуваат во различни бои на Велипеток. Овој обичај обично ги вклучува младите луѓе кои се бојадисуваат во светли бои и го поминуваат денот заедно.


Одење по оган во Грција

На островот Хиос во Грција луѓето одат по оган на Велигден. Овој обичај датира од антички времиња, а се верува дека носи среќа и успех во животот.

Извор: Espreso
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот