(Фото: Youtube/contentchoisenews)
Големиот христијански празник Велигден, во една црква на грчкиот остров Хиос, секоја година се се прославува на несекојдневен начин.
На видео-снимката од годинaшнава прослава, се гледа како лустерите се нишаат, верниците гласно тропаат по столиците, а попот Христофорос со „пантерски“ скок излегува од олтарот, држејќи во рацете голема корпа со ловорови гранчиња, кои ги фрла врз присутните, објавувајќи ја радосната вест за Христовото воскресение.
Овој поп е мошне популарен свештеник на Хиос и е омилен меѓу мештаните, кои го нарекуваат и „
летечкиот поп“, а тој и оваа година ги воодушеви верниците со својот импресивен скок.
Погледнете го видеото: