Климатските промени влијаат врз целата планета, но нејзините ефекти се разликуваат од место до место. Некои региони се соочуваат со пожари, додека други со поплави и урагани.
Меѓувладиниот панел за климатски промени на Обединетите Нации создал дигитален атлас кој овозможува да се види какви временски екстреми може да се очекуваат во регионот во кој живеете.
Алатката е дел од новиот извештај составен од стотици научници со кој се предупредува дека глобалното затоплување предизвикано од луѓето има страшни последици на планетата и доведува до екстремни временски услови.
Фото:
IPCC (Screenshot)
Дигиталниот атлас покажува што може да се очекува во иднина во различни региони во зависност од мерките кои ќе се преземат во блиска иднина за намалување на емисиите на штетни гасови.
Според атласот, во регионот околу Средоземното Море, во кој според атласот се наоѓа нашата земја, може да се очекува зголемување на температурите за неколку степени до 2100 година доколку трендот на глобалното затоплување продолжи.
Дигиталниот атлас може да го истражувате
овде.
Извор:
Fast Company