X
 23.04.2017 Технологија

Како да блокирате несакани повици на Вашиот мобилен телефон

Постојат бројни причини зошто би сакале да блокирате броеви на Вашиот телефон без разлика дали се тоа бивши партнери или измамници. Иако ова не е најпријатната работа која треба да ја сторите, постојат начини лесно да го направите тоа без оглед на уредот кој го користите.

блокирање
Фото извор: Lifehacker


Како да блокирате број на iOS, Android и Windows телефон?

Пред да блокирате број на паметниот уред може да поставите општа забрана со додавање на Вашиот број во “National do not call registry” кој се ажурира на секои 24 часа и може да Ве ослободи од несакани повици во текот на еден месец. Ако ова не функционира, продолжете да го читате водичот.

iOS

Кога одговарате на неодамнешни (recent) повици, појдете во “Phone” апликацијата и селектирајте “Recent”. Потоа лоцирајте го бројот и движете се низ кругот до него. Ова ќе донесе екран со информации кои се однесуваат на повикот и потребно е да дојдете подолу пред да селектирате “Block this caller”. Кога блокирате постоечки контакт појдете на Settings > Phone > Call Blocking & Identification > Block Contact. Ова може да го постигнете и преку Settings > Messages > Blocked > Add New.

Android

Кога станува збор за Android телефоните треба да знаете кој е типот на оперативниот систем пред да блокирате.

За Marshmallow или понови верзии отворете “Dialer” и одете на последната листа на повици. Пронајдете го бројот и селектирајте “Block/Report Spam”.

Кога користите “Lollipop” или постари верзии селектирајте Call Settings > Call Rejection > Auto Reject List. Потоа треба рачно да го внесите бројот и да го побарате.

Кога користите “Messenger” треба директно да кликнете на оригиналната порака пред да кликнете  Block / Report Slam уште еднаш.

Ако сакате да блокирате број од постоечки контакт појдете веднаш до “Messenger” и селектирајте Menu > Blocked Contacts > Add a Number. Потоа напишете го бројот што сакате да го блокирате.

Windowns телефон

Со овие телефони може да блокирате повици и пораки од еден број наеднаш. Појдете во “Settings”, па Call > SMS Filter, прифатете ги условите на користење и политиката на приватност и ставете го “Block calls” на “On”. Потоа посетете ја “Phone app” задржете го бројот што сакате да го блокирате и кликнете “Block number” за да потврдите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија