Количката за инвадилизирани лица
Scewo е новитет што претендира да ја промени судбината на многу лица со посебни потреби, затоа што е првата која поседува систем што овозможува движење по скали.
Scewo има три компоненти што овозможуваат искачување и слегување по скали: „гасеници“ кои создаваат рампа за придвижување, две големи тркала што го контролираат процесот и две мали тркалца кои обезбедуваат порамнување кога количката стигнува на долниот или горниот крај од скалите.
Процесот во потполност е автоматизиран и се вклучува со едноставно притискање на едно копче.
Количката може да се движи и на снег, а нуди и можност за подигнување на седиштето до висина на очите кај просечно високо лице.
Оваа феноменална количка ја креираа студенти од Швајцарија, кои се надеваат дека ќе успеат да ја пласираат на пазарот по нешто подостапна цена.
Погледнете го видеото: