X
 26.04.2017 Наука

Научниците успешно создадоа бебе-овца во вештачка матка

Во нешто што изгледа како огромона ќеса со патент, со цевки за доток на крв и течност, осум фетуси се развивале за релативно кратко време на начин сличен како кај нивните мајки.

вештачка матка
Фото извор: The Children’s Hospital of Philadelphia


Ова е прв чекор кон вештачка матка. Еден ден овој уред би можел да помогне во случаи со човечки бебиња кои се предвреме родени. За сега е тестиран само на овца.

Алан Флејк, хирург и автор на студијата вели дека е научна фантастика овој метод да се користи за развој на ембрионот од самиот почеток, без мајката да биде критичен елемент. Идејата за развивање на надворешна матка е да се даде на предвремено родените поприродна средина, слична на матката, во која фетусот ќе продолжи да се развива.

Предвременото породување е водечка причина на смрт на новороденчињата; во САД тој број изнесува 10%.

Овие бебиња бараат интензивна поддршка кога ќе продолжат да се развиваат надвор од телата на нивните мајки. Оние кои преживуваат бараат механичка вентилација, лекови и хранливи материи и течности.


јагне


Научниците со децении се обидуваат да направат вештачка матка со цел да се создаде поприродна средина за бебето. Еден од главните предизвици е повторното созадавање на циркулаторен систем кој ја поврзува мајката со бебето. Следниот проблем е да се реши ризикот од инфекции. Тука настапуваат вештачката амонионска течност која тече во и надвор од торбата, исто како кај матката.

За Адам Флејк истражувањето продолжува. Тој вели дека е сѐ уште изненаден кога гледа во јагнињата и дека е многу инспириран да ги употреби резултатите од истражувањето за придонес за луѓето.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука