На гифот погоре дамките кои се протегаат низ карпестиот терен се докази за вода на Марс.
Научниците од НАСА објавија дека го открија најсилниот доказ дека постои вода на површината на Црвената планета, нешто за кое се сомневале околу една деценија - водата излегува од долините и кањоните кога е топло, а се суши кога е студено. НАСА се`уште не може да објасни од каде доаѓа водата, меѓутоа тоа сега засега воопшто не е важно. Важно е дека постои вода!