X
 05.05.2017 Технологија

Мистериозните вештачки острови на Северна Кореја

Северна Кореја веќе некое време гради воени објекти кои може да се користат за лансирање на проектили на речиси пет острови во Жолтото море.

ким јонг
Фото извор: The Burning Platform


Пустата земја е претворена во стратешки населби во близина на градот Сохае, главно место за развор и тестирање на проектили.  Некои од островите се целосно вештачки во стилот на оние што се изградени од Кинезите во Јужното Кинеско Море.

Островите се со различни форми и големини со широки патишта погодни за камиони кои носат проектили. Цементот е отпорен на топлина и е идеален за лансирање на интерконтинентална балистичка проектилна технологија која е развиена во Сохае.

Се претпоставува дека објектите се за истражување на нафта, затоа што во Жолтото Море ја има во изобилие.

Можно е ова да има земјоделска или друга цел, но Северна Кореја во минатото ги има користено цивилните конструкции за дополнителни воени цели. Стив Син, истражувач за неконвенционално оружје и технологија на универзитетот во Мериленд за Њујорк Тајмс вели дека тие сѐ градат со двојна цел. Тој вели дека ако островите имале воена цел не би била да се лансираат балистички проектили со долг дострел, но би можело да биде за пократок период, повеќе преносливи проектили како KN-02 и Scuds.


мапа1
Фото извор: news.com.au

мапа2
Фото извор: news.com.au


Додека Северна Кореја ги тестира проектилите, расте тензијата меѓу оваа држава и Кина  во овие променливи времиња. На овие активности Доналд Трамп одговори со пренасочување на поморка група за напад кон Корејскиот полуостров, но оваа недела рече дека ќе биде „почестен“ да се сретне со Ким Јонг-ан под правилни услови.

Со оглед на озлогласената тајна на државата, целта на островите останува обвиткана во сомнеж. Но една работа е сигурна, нивното присуство во сенка ќе креира вистинска анксиозност.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија