X
 10.08.2022 Наука

За првпат биле видени икс-зраци од задната страна на црна дупка

Истражувачи од универзитетот „Стенфорд“ откриле нешто чудно додека набљудувале икс-зраци од супермасивна црна дупка во центарот на галаксијата, на оддалеченост од 800 милиони светлосни години.

Според нив, црната дупка ги испуштала тие икс-зраци околу неа, а поради тоа научниците виделе икс-зраци кои се од задната страна на црната дупка.

Постојат теории според кои се зборувало дека овој феномен постои, според кои се претпоставувало дека се создаваат икс-зраци при влегувањето на гасови во црната дупка. Истражувачите сега го забележале токму тоа.

Секоја светлина која влегува во црна дупка не излегува од неа, па затоа не би требало да може да се гледа што има позади црната дупка, објаснил истражувачот Ден Вилкинс.

- Тоа е уште една чудна карактеристика на црната дупка, што го овозможува да го видиме тоа. Причината зошто може да го видиме ова е бидејќи црната дупка го искривува просторот, ја свиткува светлината и ги извртува магнетните полиња околу себе - објаснил Вилкинс.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука