X
 09.05.2017 Култура

9 мај - Денот на победа над фашизмот

Поминаа 72 години од историската победа над фашистичка Германија.

fasisam

Победата над фашизмот се одбележува и прославува во голем број држави низ светот. Македонија ќе го одбележи денот со дефиле на единиците на АРМ во касарната Илинден, панел дискусија и свечена академија во МНТ.

Централната манифестација во светот по повод победата над фашизмот ќе се одвива во Москва каде на Црвениот плоштад ќе прошетаат припадници на руската армија и ветерани од Втората светска војна.

Втората светска војна, најкрвавата војна на човештвото, избувна откако Нацистичка Германија изврши инвазија врз Полска на 1 септември, 1939 година.

На 22 јуни 1941 година, Германија го нападна Советскиот Сојуз. Војната заврши на 9 мај, 1945 година. Безусловна капитулација на Третиот Рајх била потпишана во разрушениот Берлин, неколку минути по полноќ.

Капитулацијата била потпишана од фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура