X
 10.05.2017 Образование

Истражување кое покажува како да стигнете до највисока оценка

истражување
Фото: Upsplash/Tim Gouw

Креаторите на политиката, технолошките директори, наставниците и родителите отсекогаш се обидувале да пронајдат нови начини за подобрување на ефикасноста на децата на училиште. Училишните дизајни и редизајнирања на наставните програми, прифаќањето на наставниците и отфрлањето на новите технологии за учење - сите тие активности се начини за децата да учат повеќе.

Едно истражување пронаоѓа решение кое им помага на учениците да имаат подобри резултати - ги тера да размислат за тоа како мислат - метакогнитивност - со што самите ќе направат стратегија како да учат.

Ако ова звучи лесно, не е. „Често, учениците веднаш започнуваат со учење пред да започнат со стратегија што да користат, без да сфатат зошто го користат секој ресурс и без да планираат како ќе го искористат ресурсот за да научат ефикасно“, вели Патриција Чен, постдокторски истражувач на Стенфорд. „Ова не е добро бидејќи со тоа тие го поткопуваат потенцијалот да научат подобро и да имаат подобри перформанси“.

Но, учениците можат да се научат да размислуваат стратешки за самото учење и размислување, а родителите може да го поттикнат овој тип на учење, претставувајќи неколку свои стратешки прашања.

Во истражувањето спроведено од Чен, истражувачите направиле два теренски експерименти во кои на некои универзитетски студенти им биле понудени различни инструкции за да им помогнат да размислат внимателно за тоа како учеле, и како би можеле да учат поефективно за испитот по воведна статистика. Другите студенти, контролната група, едноставно добиле потсетување дека нивниот испит се ближи и дека тие треба да се подготват.

Оние кои размислувале за тоа како сакаат да делуваат и што им било потребно за да имаат подобри перформанси, имале подобри резултати од оние кои не размислувале.

„Нашиот клучен увид во ова истражување е важноста студентите да бидат насочени кон целта и внимателни за тоа како се избираат и користат ресурсите за учење - или за постигнување на било која друга цел“, вели Чен.

Постојат доволно докази дека саморегулацијата и метакогнитивноста се клучни за учење. Но, предизвикот е како да се предаваат овие работи на начин што ќе останат запомнети. Дел од тоа што е добро во пристапот на Чен е дека било кој ученик, студент, наставник па дури и родител може да го користи.

Како експериментот функционира?


Една недела до 10 дена пред тест, половина од класот добил 15 минутна анкета во која тие биле запрашани за тестот кој ќе го правеле. Од нив било побарано да размислат за оценката која сакаат да ја добијат на тестот и да оценат колку е важно да ја добијат таа оценка и колку е голема веројатноста да ја добијат таа оценка.

Истражувањето потоа побара од учениците да размислат за тоа каков вид на прашања би можел да вклучува тестот и да идентификуваат кои од 15-те расположливи ресурси би ги користеле за да учат, вклучувајќи белешки, прашања за вежбање на тестот, читање од учебникот, консултации со професорот, дискусии со соучениците и приватно менторство. Од нив било побарано да запишат зошто секој ресурс би бил корисен и како тие би го искористиле, ефикасно мапирајќи план за учење.

Учениците од контролната група само добиле потсетник дека тестот доаѓа за една недела и дека треба да бидат подготвени за него.

Авторите биле внимателни и напоменале дека не постојат статистички разлики во перформансите на учениците пред испитот, ниту пак значајна разлика во нивните поени од средно училиште или нивните нивоа на мотивација. Исто така, не постоела статистичка разлика во оценките за кои двете групи на ученици се надевале дека ќе ги постигнат, отфрлајќи ја улогата на мотивацијата како причина за перформансите наспроти размислувањето.

Во прилог на подобрувањето на нивните оценки, учениците кои пополниле онлајн анкета имале помалку стрес поврзан со испитот, во споредба со нивните врсници, како и поголемо чувство на контрола врз нивните перформанси.

Метакогнитивност


Според Фондацијата за образовен фонд, метакогнитивноста е една од двете најефикасни едукативни интервенции кои ги тестирала.

Клучната придобивка од метакогнитивноста е тоа што не е скапа и може да се примени кај сите: наставниците може да ги користат, но и родителите.

„Тие можат да го моделираат овој процес на стратешко размислување со изразување на начинот на кој размислуваат преку нивното користење на ресурсите или тие можат да поставуваат прашања кои ќе ги поттикнат децата да го вежбаат ова стратешко размислување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование