Невработеноста во Чешка во април повторно падна на 4.4%, велат податоците објавени од Агенцијата за вработување во Чешка. Без работа на крајот на април биле 327.199 жители, што е најниска вредност од 2008 година.
Бројот на слободни работни места порасна на 159.072. Најниска вработеност има oколината на градот Плзен, каде невработеноста е 2.7%, меѓутоа генерално, невработеноста падна во сите региони на Репулбика Чешка.
Премиерот на Чешка во оставка, Бохуслав Соботка на „Twitter“ објави дека Чешка во тешки моменти ја добиваат оваа одлична вест.
„Најдобри податоци и резултати од 2008 година“, пишува Соботка.
На
Чешка ѝ недостасува работна сила. Потребните работници не се менуваат во однос на претходниот период. На прво место се работниците во производство, квалификувани работници, металостругари, ковачи и машинци.
Во топ десет професии се возачи, работници за обезбедување, готвачи и занаетчии. Така на пример, компанијата „Tatra“ бара 100 вработени.
„На пазарот на трудот бараме работници за производство. Особено металостругари, работници на „CNC“ машини, монтажери и слично. Условите за работа во оваа компанија, освен стручноста подразбираат и искуство од слични работни места и волја да се работи во смени“, вели директорката за човечки ресурси на компанијата „Tatra“.