Можеби „Friends“ ја нема на малите екрани повеќе од 10 години, меѓутоа никој не ја заборавил и го знае секој дијалог и секоја сцена од оваа култна серија.
Фото: Getty Images
Во подкаст интервју со Ариана Хафингтон, Џенифер Анистон замислува како би изгледала серијата и нејзиниот лик Рејчел, доколку би се снимала денес.
„Сега има компјутери, телевизија и телефони. Нема соби. Ако „Friends“ беше создадена денес, ќе имавте кафуле преполно со луѓе кои зјапаат во нивните ајфони. Не би имало епизоди ниту пак разговори“, вели Анистон.
Самата Анистон вели дека се обидувала да даде отпор на социјалните медиуми.
„Мојот сопруг има профил на Инстаграм, и луѓето кои ги познавам се корисници на Инстаграм. Малку ми е напорно кога ги гледам како „маневрираат“ со оваа социјална мрежа. И одеднаш гледате дека сте единствената личност која нема
профил, и нема никој со кого можете да разговарате затоа што сечија глава е „заглавена“ во телефонот“, додава таа.