Кога гледаме на светот со позитивен став, дефинитивно може да кажеме дека нема подобро време за живеење од сега. Иако религијата учи да бидеме поемпатични и да простуваме, многу криминал и војни се случуваат заради религијата.
Фото извор: TED.com
На светлата страна, сѐ помалку луѓе се гладни, сиромашни и неедуцирани, а жените не се дискриминирани како порано. И покрај тоа, треба да се направат уште многу подобрувања. Но и покрај ова, луѓето во големите и развиени земји како Велика Британија, САД и земјите во Европа се незадоволни со животот воопшто.
Зошто се случува ова?
Едно можно објаснување е дека за да се биде исполнет од внатре потребно е да се чувствуваме потребни. Теоријата е докажана со експеримент чиј резултат ги шокирал истражувачите. Тие откриле дека за граѓаните кои се чувствувале потребни и кои придонесувале за општетсвото на некој начин било помалку веројатно да умрат одеднаш. Кога станува збор за тоа да се биде „потребен“ не станува знор за себичност и гордост, туку за природниот човечки инстинкт да се помага и служи на оние кои имаат потреба.
Германците кои работат како социјални работници за пет пати повеќе е поверојатно да речат дека имаат исполнет живот. Американците чија работа е поврзана со помагање на луѓето за два пати повеќе е поверојатно да изјават дека се среќни и задоволни со својот живот.
Како да се надмине оваа ситуација?
Може да се почне од почитување и ценење на другите. Потоа, прашувајте се секој ден што може да направите за другите. Потребно е да си го смените начинот на размислување.
Лидерите треба да разберат дека само со општество во кое постои емпатија може да има мир и среќа за населението. Децата треба да бидат вклучени во општетството и да им се даде вистинското образование. Луѓето од сите возрасти да сфатат дека клучот е соработката и пријателството, а не политичките погледи и религиската припадност. Треба да се има на ум дека секоја единка придонесува за
светот.