Сите имаат фобии, без разлика дали од пајаци, мрачни улици, непознати луѓе или вода. Овие се вообичаени стравови за кои сите имаме слушнато, но постојат бизарни фобии кои звучат неверојатно.
Страв од баба или свекрва
Пентерафобија е страв од свекрвата. Значи, доколку средбата со мајката на партнерот не ви предизвикува чувство на парализирачки страв и анксиозност, сè е под контрола.
Страв од колена и клекнување
Генуфобија е размислување за потенцијалната болка која се јавува при клекнувањето или самиот допир на незаштитеното колено.
Страв од дебелина
Липофобија не значи плашење од дебели луѓе, туку страв од можно здебелување. Овој страв не е исто што и анорексијата бидејќи таа е во посебна категорија.
Страв од балони
Гловофобија е страв од кружни предмети, како балони или глобуси. Луѓето што ја имаат оваа фобија се плашат и од звукот на пукање на балон.
Фото: Pixabay
Страв дека ве набљудува патка
Анатидефобија е страв дека патка или гуска ве набљудува во секој момент, каде и да се наоѓате.
Страв од брада
Луѓето што имаат гениофобија не се плашат од влакна на лицето, туку од брадата како дел од лицето. Најчесто стравот е поврзан со повредите на вилицата во минатото. Од друга страна, луѓе што живеат со погонофобија се плашат од брада и мустаќи.
Страв од долги зборови
Името на оваа фобија веројатно им предизвикува страв на лицата што живеат со состојбата. Хипопотомонстросескуипедалиофобија е фобија од долги зборови.
Фото: Pixabay
Страв од губење мрежа на телефонот
Номофобија е страв од губење мрежа на телефонот. Овие луѓе се плашат дека ќе бидат отсечени од цивилизацијата.
Страв од работа
Иако звучи како измислен страв, тој навистина постои. Ергофобија е фобија од работа со која се борат многу луѓе.
Извор:
DDL
Насловна фотографија: Pixabay