На повеќето луѓе им е познат концептот на борба и бегство во ситуации кога чувствуваме страв и закана. Одговорот „борба“ и „лет“ е примитивна и моќна реакција за преживување. Кога мозокот чувствува закана и опасност, се лачи адреналин низ нашите вени, па се забрзува пулсот, побрзо се пумпа крв низ мускулите и нашето внимание се насочува само кон начините за избегнување на заканата.
Толку многу сме фокусирани на тој момент, што другите детали и не ги забележуваме. Многумина често и не помнат како успеале да избегнат одредена опасност.
Најчесто екстровертите и оние што преземаат ризици имаат тенденција да и пристапат на заканата, односно повеќе се одлучуваат за „борба“. Другите, пак, односно оние што се невротични, имаат тенденција да ја избегнуваат заканата, па се одлучуваат за одговорот „лет“. Освен овие типови карактер кај луѓето, вклучен е и елементот на расудување и донесување одлуки. Но, постои и трета опција која се појавува како одговор на заканата, а тоа е моментот на смрзнување, односно вкочанување.
Всушност, тогаш настапува чувство на изненадување и шок, па мора да застанеме и да ја процесираме случката за да одлучиме дали ќе пристапиме кон „борба“ или „лет“ одговор. Очите ја набљудуваат средината, а отворената уста е знак дека се подготвуваме да врескаме и да бегаме. Тоа се фацијалните експресии за време на стравот. Повеќето кога се преплашени, стојат в место и не реагираат, па тука станува збор за комплетен шок.
Се претпоставува дека парализирањето настапува и кога имаме чувство на комплетна заробеност, па не сме во можност никако да одговориме на заканата. Со оглед на историјата на еволуцијата, ова најверојатно се случува поради периодот кога нашите предци оделе во лов, па често се однесуваме како што постапуваат и поголемиот број животни – се правиме мртви. Ова, сепак, не е свесна одлука, туку нашиот примитивен мозок ја презема ситуацијата и нè прави неподвижни.
Исто така, се верува дека „смрзнувањето“ можеби има психолошки придобивки. Многу од луѓето што се „смрзнуваат“ од
страв изјавиле дека немаат меморија за доживеаната траума или, пак, бледо се сеќаваат на неа. Сето тоа помага во зачувувањето на разумот и заштита од психолошко нарушување.