Во светот на филмот и музиката нормално е артистите и актерите да го менуваат нивното име за повеќе слава и богатство. Но ова не е случај и во спортот, или барем не до сега.
Фото извор: CNN
Како што во него станува важно брендирањето и економската одржливост, би имало смисла некои спортисти да го променат своето име за да го зголемат нивниот досег. Сепак, за еден тенисер кој е на раб на успехот, неговиот бренд е изгорен од раѓање.
Тенис Сандгрин, надежен тенискиски играч од Тенеси, ќе има деби настап на Франција опен. Тој е именуван по неговиот дедо од Шведска кој за медиумите изјавува дека многупати се нашол во ситуација да го објаснува своето име како и коинциденцијата со својата професија.
И покрај таа коинциденција тој никогаш не го поврзувал спортот со неговото име, која од прва изгледа неверојатна. Иако за Тенис поврзаноста меѓу спортот во кој тој се натпреварува и неговото име не значи многу, во иднина може да им падне во очи на потенцијалните спонзори.
Додека името е совршено за спортот кој го игра, неговиот изглед ни малку не прилега за
тенисер. Тој има мустаќи и долга, бушава коса и повеќе изгледа како професионален борач, а се должи на почитувањето на неговиот омилен бенд Металика.