X
 01.06.2017 Култура

Историјата позади границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска

граница

„Килнасагарт“ мостот се наоѓа близу границата која ги дели шесте окрузи во Алстер во Обединетото Кралство од Република Ирска.

Мостот бил доста популарна цел на ИРА, така што непрекинатото патување од север кон југ речиси било невозможно.

Ако се одлучите да патувате и да го поминете овој мост, ќе забележите - границата е таму, но како да не е таму, а бомбите се веќе историја.

Доколку возите по должината на модерниот автопат кој го поврзува Белфаст со Даблин, единствената трага која што ќе ја забележите, иако суптилна, е префрлувањето на патоказите од милји во километри.

2

Доколку гледате внимателно, ќе ја забележите и промената на ознаките на двете страни од патот.

Пред 50 години било многу полесно. Добрите патишта биле во Северна Ирска, така што знаевте дека стигнавте во Република Ирска како што вашиот автомобил започнува да се тресе поради дупките од патиштата.

Границата е 499 километри долга и се извива од Карлигфорд Лоу на исток до Лоу Фојл на запад.

Сега, кога Велика Британија е подготвена да ја напушти ЕУ, луѓето од пограничниот регион се незадоволни. Преку 35.000 луѓе ја минуваат границата секој ден, меѓутоа никој од нив не сака тешка граница, иако ЕУ нагласи дека ќе мора да има некаква форма на царинска контрола.

Село кое нуди двоен идентитет

Селото Маф се наоѓа во близина на границата меѓу Донегал и округот Лондонери.

Мари Линдзи е родена во Маф, но градот Дери е центарот на вниманието во нејзиното срце. Таа живее на ридот надвор од селото, со ногата во двата „табора“.

3

Секое утро таа се качува во нејзиниот автомобил во Донегал, во Република Ирска и вози низ шумата. За брзо време стигнува во Дери, каде таа е директорка на Сент Мери колеџот, училиште за девојчиња.

Таа цел живот живее близу границата. Како и илјадници други, и таа се чувствува дека има двоен идентитет.

„Јас сум од Донегал, таму сум родена. Донегал е во мојата ДНК, но Дери е мојот роден град, и чувствувам дека таму припаѓам“, вели таа.

Kако што северноирскиот конфликт ескалирал во 1970 година, армијата и полицијата ги блокирале помалите патишта за да ги направи сите патишта непроодни, освен оние одобрените со цел да спречи преминување на паравоените сили. Линдзи знае што е тоа тешка граница - бескрајно чекање на контролните пунктови. Тоа биле темни денови на кои нико не сака да се потсетува.

Денес таа е навикната на мир и леснотија во животот.

„Сообраќајните знаци се менуваат од милји на километри, ознаките на патот се менуваат, но тоа е тоа“, вели таа.

4

Таа носи две чанти - едната чанта со пари фунта стерлинг за северот, а во другата чанта носи евра за југот. Многу луѓе носат и два телефони - еден за север, еден за југ.

Непознатото


Минатиот јуни, Киаран Крили се пробудил со вестите за Брегзит кои прилично го вознемириле поради неговиот бизнис, фабриката за бомбони, семеен бизнис кој започнал уште во 70-те.

Неговото семејство продава од Портраш во Северна Ирска до Бундоран и Бреј во Република Ирска. На двете страни од границата, луѓето ги сакаат нивните бомбони.

Но, сега дојде Брегзит.

„Ужас. Нашиот бизнис започна да расте во последните 10 години - раст кој се случуваше од година во година, без никаков проблем. А потоа се случува овој шок, кој ме тера да се запрашам зошто мораше да се случи?“, вели Крили.

7

75% од бизнисот на компанијата е во Република Ирска. Кога Британија ќе ја напушти ЕУ, ако не се постигне договор за трговија, таа би можела да се соочи со тарифа од 30% во согласност со правилата на Светската трговска организација.

Хју Мегвајр е овчар повеќе од 50 години. Неговата земја се протега на границата што предизвикува вистински проблеми. Тој има крави и овци, но некои од нив припаѓаат на север, а други на Републиката. Него му се потребни две групи на документи. Мегвајр верува дека ЕУ направила прилично добри работи за Британија и Брегзитот не е добредојден.

Тешко преминување


Исчезнувањето на границата било како воведување постепена промена - како топење на мраз. После договорот во 1998 година наречен „Good Friday Agreement“, работите се движеле бавно.

7

Преминувањето никогаш не било лесно. Многу луѓе го мразеле чекањето и испрашувањето. Границата ја чувале 43 чувари и 6 водници со 24 часовна покриеност и две смени како и патролни автомобили.

Патот напред

За време на конфликтот, имало само 20 официјални гранични премини помеѓу Северна Ирска и Република Ирска. Британската армија ги затворила останатите.

Со текот на времето земјата се опуштила, а трговијата и бизнисот започнале да цветаат. Бизнисите во Северна Ирска поставиле канцеларии во Репулбика Ирска и обратно.

Сеамус Лехенеј од Здружениот за товарен транспорт на Северна Ирска знае кои бизниси би можеле да бидат уништени од Брегзит.

Ирскиот комесар соопшти дека до 8% од товарните преминувања на границата може да бидат предмет на проверка после Брегзитот. Со оглед на тоа што минимум 6.000 камиони ја преминуваат границата секој ден, јасна е големината на проблемот.

На владино ниво, државните службеници во Лондон се обидуваат дa ja решат загатката со Северна Ирска.

8

Она што се чини дека ќе продолжи е билатералниот договор меѓу Британија и Ирска наречен „Common Travel Area“ кој им овозможува слободно движење на британските ирските граѓани меѓу Ирска, Северна Ирска и остатокот од Велика Британија.

Договорот им овозможува на ирските и британските граѓани право да работат, пристап до јавните услуги и гласање на одредени избори. Секретарот Дејвид Дејвис го опиша продолжувањето на овој договор како нешто за кое не може да се преговара.

Џејн Морис, поранешен шеф на канцеларијата на Европската комисија во Северна Ирска сака да го задржи статус квото на островот Ирска и предлага Северна Ирска да има почесно членство во ЕУ, после заминувањето на Велика Британија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура