Поранешниот шеф на кинескиот Завод за статистика, Ванг Баоан, осуден е на доживотна затворска казна откако беше обвинет за примање мито во вредност над 22 милиони долари во период од две децении.
Според наводите од судот во провинцијата Хебеи и кинеската новинска агенција „Синхуа“, Ванг е обвинет заради обезбедување политички услуги во замена за пари, секс, недвижнини и деловни концесии, пренесува „
AP“.
Пресудата на Ванг е само една од седумте случаи на корупција во јавниот сектор, со вкупна вредност од 650 милиони јуани или околу 84 милиони евра примени како поткуп, што е огромна количина во споредба со релативно скромните плати на јавните службеници во Кина, оценува агенцијата.
Контролата на информациите како што се работењето на банките и економскиот развој на локално ниво, многу се вреднувани во Кина чија влада обично работи во тајност, а функционерите главно се проценуваат преку способноста да ги исполнат целите на економскиот развој.