X
 15.03.2017 Живот

Најбараниот терорист во светот повторно на суд


Постер со ликот на најбараниот терорист во светот, Карлос Шакал
(Извор: AFP)

Карлос Шакал, некогаш најбараниот терорист на светот, во понеделникот беше повторно изведен пред суд во Франција, заради убиствениот напад во парискиот трговски центар во 1974.

Симболот на левичарскиот тероризам, со вистинско име Илич Рамирез Санчез, е уапсен во септември 1994 година во Судан и оттогаш е во затвор во Франција. На првото судење за убиство на тројца мажи, од кои двајца полицајци во 1975 во Париз, осуден е на доживотен затвор. Беше обвинет и за четири одвоени терористички напади во Франција во периодот 1982-1983 година, во кои се убиени 11, а повредени повеќе од 200 лица.

Посебен суд во Париз во 2011 година го осуди овој државјанин на Венецуела на дополнителна доживотна казна со забелешка дека треба да одлежи минимум 18 години во затвор.

Новото судење што започна во понеделникот, се однесува на напад со рачна бомба која Шакал ја фрлил во еден ресторан во Париз, кога убил две, а повредил 34 лица. Обвинет е за убиство од прв степен, и ако биде осуден, марксистичкиот герилец се очекува да ја добие и третата доживотна казна.

На почетокот од судењето, Шакал се пожалил дека „се манипулира со правдата“ и се изјаснил дека не е виновен. Тој пред судот изјавил дека негово занимање е „професионален револуционер“.

Неговата долгогодишна адвокатка и вереница, Изабел Којтан-Пеире, тврди дека нејзиниот клиент е невин во овој случај, кој се води  пред специјален суд  со професионални судии и без порота, што е пракса на сите судења за тероризам во Франција.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот