Првиот лет се планира да се изведе следната година, а XB-1 би требало да биде зачеток на нова генерација комерцијални авиони.
Живееме во доба кога технологијата постојано се развива, но авионскиот сообраќај не се променил многу во изминатите неколку децении. Секако дека авионите се поудобни, технолошки софистицирани, но брзината на летот е речиси иста. Во денешно време дури и се лета побавно. Имено, во контроверзните авиони Concorde Air France и British Airways, кои биле побрзи, се возеле славните личности. Пропустите во одржувањето, трошковите и низата катастрофални несреќи биле причина за повеќе овие авиони да не се користат.
Но, сега направен е најбрзиот авион во светот :
XB-1. Го дизајнирала компанијата „Boom Technology“. Во развој е и прва патничка верзија која би можела да превезува од 45 до 55 патници. Секој патник би имал свое комфорно место до прозор и простор за багажот. Значи, седиштата би биле поединечни, а не составени по две или три во низа. Летот на пример од Лондон до Њу Јорк имаат намера да го скратат на само 3 часа и 15 минути, што е и повеќе од половина пократко од сегашните линии. Цената на повратната карта за таа линија би била 5 илјади американски долари.
Брзината ќе биде 2,6 пати поголема од досегашните авиони. Засега не е познато кога ќе биде завршен патничкиот модел, но најверојатно тоа ќе се реализира во наредните 10 години.