Фото: hippe-geboortekaartjes.nl
Засрамувачки дамки на вашата маица, душкање на нечиј задник за проверка дали „завршил работа“, првиот секс после породувањето... животот на една млада мајка се превртува наопаку. Оваа цртана серија ги визуелизира ситуациите во кои ќе се пронајдат сите млади мајки.
Илустраторите Ингебрит тер Велд и Корин де Вриес имале бебиња скоро во ист период. Нивните бремености и првите месеци како мајки биле инспирација за нивните цртежи.
Како млади мајки ќе се пронајдете во овие
ситуации низ кои поминува секоја од вас во текот на бременоста и после породувањето - меѓутоа за голем дел од овие искуства никогаш не се зборува. Со серијата цртежи насловена „#thingsonlymomsknow”, Ингебрит и Корин сакаат да ја отсликаат реалноста на мајчинството со сите (понекогаш буквално) болни, смешни и сакани моменти.