Со почеток од 12 часот, оваа сабота во Градски парк (кај “Школка“) во Скопје, ќе се изведе детската претстава на отворено “Роденденска приказна“ на која се поканети сите дечиња и родители кои се расположени за дружење, забава и учење за здравите навики.
Со оваа претстава се комплетира кампањата “Патот до здрави заби“ на Натусана и Лакалут во која за првпат како актер ќе го видиме и детскиот супер-јунак Четко Четковски кој на сцената ќе настапи заедно со своите двајца другари Мартин и Манко.
Претставата почнува со будењето на двете братчиња, славеникот Мартин и големиот спанко – Манко и ги следи подготовките во пресрет на прославата за роденденот. А роденден како роденден, нема да помине без многу забава, насмевки и секако случки кои ќе се паметат и прераскажуваат - за тоа ни гарантираат една голема овошна торта, едно братче кое не сака да слуша и еден...
потечен заб.
Радоста кај децата е загарантирана. Присуството на насмевки “кои светкаат“ е задолжително.
Сабота, 12 часот!