X
 19.06.2017 Спорт

Мајкл Фелпс против бела ајкула

Американецот Мајкл Фелпс до сега има освоено 23 Олимписки златни медали. Исто така има постигнато 39 светски рекорди, повеќе од кој и да е пливач во историјата.

фото извор: Getty Images

Едноставно кажано, никој не може да се спореди со успесите на 31 годишниот пливач кој се повлече од пливањето во 2016 година. Сега, тој вниманието го насочува кон трки со животни. И тоа не било кои животни, туку бели ајкули. Фелпс ќе учествува во „Shark Week“ на „Discovery“. Белите ајкули се едни од најбрзите и најефикасните предатори на планетата.

Според „Washington Post“, правилата на трката се уште се нејасни. Не се знае за каква трка ќе станува збор. На својот „Instagram“ профил Фелпс најавил дека вакво нешто ќе се случи. Нјаголемата брзина на Фелпс е 6 милји на час, а белата ајкула може да достигне дури 25 милји на час.

Гледачите ќе треба да почекаат до 23 јули и да ја следат „Shark Week“ за да видат што ќе биде исходот од оваа историска трка.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт