X
 28.02.2021 Култура

Русија нуди туристичка тура според последното патување на кралското семејство Романов

Туристите што се заинтересирани за кралското минато на Русија сега можат да се возат со посебен воз низ планината Урал, како последното патување што го поминале некои членови на кралското семејство пред да бидат погубени во 1918 година.

Возот, кој патува три часа од Екатеринбург до Алапаевск, е опремен со вагон во кој туристите можат да пробаат облека слична на онаа што ја носеле членовите на руското кралско семејство Романов.

По доаѓањето во градот, туристите со автобус се превезуваат до местата што имале посебно значење за членовите на кралското семејство.


Рускиот цар Николај II, неговата сопруга и петте деца, како и кнегињата Елисавета Фјодоровна (Романова), биле убиени на 18 јули 1918 година, а на местото на нивното убиство во Екатеринбург подоцна била изградена црква.

Извор: Devdiscourse.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура