Кој што спие нека стане
нека месе колачиња за дечиња
ако нема колачиња
нека има јаболчиња
ако нема јаболчиња
нека има бомбончиња
ако нема бомбончиња
нека има денарачиња
ако нема денарчиња
џамот лета на парчиња.
Ој Коледе!
Бадник е празник кој го менува денот, а датумот не. Тоа е денот кога се очекува и прославува најубавата вест за Христовото раѓање. На овој ден, уште во зорите се слуша гласот на коледарите, кои ја соопштуваат веста за раѓањето на Исус Христос.
По обичај на коледарите пеат коледарски песни и им се даваат ореви, јаболка, круши, костени, бомбони, смокви.
За време на деновите пред и по Христовото раѓање секој христијанин е духовно исполнет.
Бадник е празник кој се традиционално се прославува во кругот на семејството. За овој празник треба да се водиме од онаа народната „Кај и да си пред Божик зад Божик, дома да си“.
На овој ден сите треба да бидат во своите домови со најблиските. Според традицијата, вечерта целото семејство се собира околу посната бадниковата трпеза. Со овој празник завршуваат божиќни пости. Се приготвува тавче-гравче, риба, посна сарма се меси лепче и други посни јадења.